Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ и ДУИ денес ја урнисаа демократијата. Го згазија правото на предлагање и дискусија по амандмани само за да истуркаат еден меѓупартиски договор кој никому нема да му донесе корист. СДСМ и ДУИ денес на коцка ја ставија иднината на Република Македонија и покажаа дека реформските закони никогаш не им биле приоритет. Спротивно на Уставот и собранискиот деловник, на сила донесоа неуставен, неприменлив и штетен закон.
Денешниот ден е срам за Република Македонија и нејзините граѓани. ВМРО ДПМНЕ ќе инсистира на кривична одговорност на инспираторите и реализаторите на ова сценарио и ќе бара поништување на законот.
Сосема е очекувано дека СДСМ ќе се обиде да го прикрие скандалот со дефокусирање на јавноста и објавување на разни дезинформации преку медиумите под нивна контрола. Вистината е една, ВМРО ДПМНЕ не поддржува ваков неуставен закон.