Денеска во Белград се одржува првата седница на Мешовитиот комитет на Македонија и Србија, чија цел е надминување на бариерите и на сите отворени прашања за полесен проток на стоки и унапредување на трговската размена.
Комитетот е формиран по иницијативата што произлезе од средбата на министрите Љупчо Николовски и Расим Љајиќ во Скопје на 7-ми март, кога беше постигнат договор околу контролата на увозот на српско брашно во земјава.
На средбата се разговара за заемно признавање на фито- сертификатите, како и за целосно укинување на маркичките за брашното, што ќе биде можно и прифатливо само доколку таквиот предлог е на барање на стопанските комори од двете земји.