Зоран Заев лаже. Законот е неуставен неприменлив и штетен. Како што ќе минува времето неговата лага ќе стане се поочигледна. Исто како и лагите од предизборието дека двојазичноста била само во главите на вмровците.

Доколку имаше малку доблест денес ќе се извинеше и ќе се срамеше за тоа што вчера ја силуваше демократијата, го погази деловникот и го прекрши Уставот. Тоа не му го кажува само ВМРО-ДПМНЕ, туку и експертската јавност и граѓаните. Сите нив Зоран Заев ги игнорираше и не дозволи никаква дебата за овој противуставен закон кој на сила го донесе.

Послушниците на Зоран Заев во Парламентот не дозволија ниту амандманска расправа креирајќи опасен преседан кој во иднина може да се повторува. Беше погазено законското и деловничко право на пратениците.

Насилното носење на овој закон покажа дека не постои никаков концепт на едно општество за сите, туку концепт на одржување по секоја цена на владината коалиција, спротивно на интересите на граѓаните. Овој закон не е закон за употреба на јазиците, туку е закон за двојазичност и тоа не е воопшто во духот на едно мултиетничко општество какво што е Македонија.

Овој закон беше донесен шверцерски со злоупотреба на европското знаменце, иако и амбасадори и европски авторитети јасно кажаа дека нема никакво реформско значење во нашата евроинтреграција.

Овој закон освен што нема во ништо да го подобри секојдневниот живот на граѓаните кои од ден во ден тонат се повеќе во беда и економска апатија, ќе предизвика поголем меѓуетнички јаз и блокада на институциите што скапо ќе биде платена од џебот на граѓаните.

Очигледно ниту развој, ниту реформи нема да понуди Владата на Зоран Заев, бидејќи да знаеја, тоа во изминатите месеци ќе го направеа. Тие со вакви неуставни закони и штетни договори ќе се обидуваат да се одржат на власт колку што можат подолго, но не можат да го избегнат политичкиот крај.

За ваквото ненародно и шверцерско однесување тие ќе понесат многу скоро одговорност.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2018 20:28