Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) врши редовни контроли на чоколадите кои се продаваат во Македонија, независно дали станува збор за увозни или од домашно производство. Од досега извршените контроли Агенцијата нема добиено лабораториска потврда за отстапувања во безбедноста и квалитетот на овој вид производи.

Ова е одговорот на АХВ за МИА по денешната изјава на универзитетскиот професор Јадранка Дабовиќ дека чоколадите за деца на македонскиот пазар не содржат млеко и какао.

- Особено загрижува фактот што и покрај огромните заложби на Агенцијата за храна и ветеринарство, има лабораториски известувања кои кажуваат дека чоколадите наменети за деца на нашиот пазар, иако се декларираат дека имаат млеко и какао, воопшто го немаат тоа, рече Дабовиќ, пред почетокот на настанот по повод Светскиот ден на заштитата на потрошувачите во Стопанската комора на Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2018 21:08