Русија наскоро ќе протера британски дипломати како одговор на британската одлука за протерување 23 руски дипломати по труењето на поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал со нервен агенс. Тоа го изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

- Тоа ќе се случи наскоро, изјави Лавров.

Тој додаде дека британските обвинувања дека Русија е вмешана во нападот се неприфатливи.

Како што објави вчера МИА, руската Амбасада во Лондон вчера соопшти дека протерувањето руски дипломати е непријателски акт што Британија го презема по труењето на Скрипал и неговата ќерка во Солсбери во минатата недела.

- Ова го сметаме како непријателски акт што е целосно неприфатлив, неоправдан и кратковид, се вели во соопштение од руската Амбасада. Во соопштението се додава дека за влошените односи меѓу Русија и Велика Британија во овој момент апсолутно се одговорни актуелните британски политички лидери.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2018 21:48