Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска ја повика Русија да „соработува“ во случајот со труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал во Велика Британија и наведе дека НАТО „не сака нова Студена војна“.

Западните сојузници ја обвинија Москва за труењето на Скрипал. Според британската премиерка Тереза Меј, нападот е извршен со нервниот агенс новичок, развиен во поранешниот Советски Сојуз.

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон претходно рече дека е многу веројатно оти рускиот претседател Владимир Путин ја донел одлуката да се употреби нервен гас во нападот врз поранешниот шпион.

Кремљ реагира дека која било сугестија оти Путин е вмешан во нападот е шокантна и е непростливо кршење на дипломатските правила и пристојно однесување



Автор: Администратор
Објавено на: 17/03/2018 03:23