Британскиот министер за надвопрешни работи Борис Џонсон изјави денеска дека најверојатно лично рускиот претсеател Владимир Путин донел одлука да се употреби нервниот агенс во нападот врз поранешниот руски агент Сергеј Скрипал во Велика Британија.
- Немаме ништо против Русите. Нема да има русофобија како резултат на она што се случи. Конфликтот ни е со Кремљ на Путин и со одлуката на претседателот – а според нас, тоа е најверојатно негова лична одлука да нареди користење нервен агенс по улици на Британија, по улици на Европа, првпат од Втората светска војна, изјави Џонсон.
Портпарплот на Путон, Дммитриј Песков ги оквалификува обвиненијата на Лондон кон рускиот претседател како „недозволиво непочитување на дипломатска пристојност“.