Германската канцеларка Ангела Mеркел ја отфрли можноста фудбалската репрезентација на Германија да го бојкотира Светското првенство во Русија за да искаже солидарност со Велика Британија.

Меркел истакна дека за одговорот на Европската Унија на труењето на поранешниот руски и британски шпион и неговата ќерка, за што Лондон ја обвинува Москва, најверојатно ќе се разговара на состанокот кој следната недела ќе се одржи во Брисел.

На прашањето какви мерки би можела ЕУ да преземе, Меркел изјави дека во овој момент не станува збор за бојкот на СП.

- Сега е најважно да се спроведе истрага за случајот, а можат само да се надевам дека Русија ќе се вклучи и ќе придонесе, истакна Меркел.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/03/2018 03:24