Со 18 милиони евра грант од Европската унија и три милиони буџетски средства ќе се подобрува регионалната конкурентност. Парите се наменети за општините и микро претпријатијата за развој на туризмот и за инфраструктурата...
Со грант од Европската унија од 18 милиони евра и со уште 3,2 милионa буџетски пари ќе се подобрува конкурентноста во туризмот. На повикот може да аплицираат општините за инфраструктурни проекти, организациите од туристичкиот сектор, но и компании од областа на туризмот.
Преку Проектот за локална и регионална конкурентност, општините ќе може да добијат милион евра за локален и три милиони за регионслен проект. За микро и малите претпријатија, грантовите изнесуваат до 300 илјади евра.
Претставникот на делегацијата на ЕУ во земјава Бертолини вели дека се потребни брзи насоки за да се вклучат сите во проектот.
Во светски рамки, туризмот опфаќа 10 проценти од бруто- домашниот производ. Светска банка го посочува како клучен сектор за економијата.
Повикот трае до 30-ти април. Предност ќе имаат општините кои веќе имаат готови проекти, а оние што немаат подготвено проектна документација ќе добијат техничка помош.