Медиуми: Во врска со Законот за употреба на јазиците, од Европска Комисија, практично велат дека на некој начин може да се доведе во прашање препораката поради начин на кој што беше изгласан Законот. Дали гледате проблем во тоа, бидејќи знаеме дека Законот беше донесен во тензична атмосфера?
Значи за процедурите околу носењето на законите е одговорен Претседателот на Собранието. Ние како парламентарно мнозинство предводено од СДСМ, сме убедени, доколку ги исполниме реформските приоритети ќе ја добиеме безусловната препорака за отпочнување на преговори со ЕУ. Тоа е единствениот услов којшто треба да го исполниме за отпочнување на преговорите.
Медиуми: Дали побаравте полициска заштита и има ли од полицијата некакво советување како да се заштитие? Од што се плашите?
Јас воопшто не се плашам. За ваша информација, изминатите два дена заради тоа што не бев во можност да се вратам во градот во којшто живеам, престојував во зграда во Скопје и ниту побарав, ниту пак забележав полициско обезбедување во мојата околина.
Медиуми: Како ќе стапи во сила Законот за употреба на јазиците, доколку претседателот Иванов не го потпише Указот?
Согласно член 75 од Уставот на Македонија, Претседателот на државата Ѓорѓе Иванов е должен да го потпише Указот за Законот за јазиците. Обидот, односно најавата дека нема да биде потпишан го доведува до прашање неговиот став дека се става над Уставот и законите во Република Македонија што е ќе се согласите, недозволиво.
Медиуми: Дали ќе побарате негова одговорност?
Би било несериозно да шпекулираме однапред за постапки коишто треба да се случат во иднина.
Медиуми: Во врска со тоа дека не сте побарале полициско обебзедување, дали имаше некоја препорака не само кон вас, туку и кон вашите колеги за тоа како да се однесувате, поради сите случувања?
Не, воопшто. Затоа што не чувствуваме страв, затоа што ние навистина веруваме во концептот едно општество за сите граѓани и сметаме дека носењето на овој Закон дава право да сите граѓани се чувствуваат рамноправни во државата. Многу слободно се движевме низ град и можам да споделам со вас дека со некои колешки вчера попладне слободно излегувавме и функциониравме, така што не гледам зошто би било ова.
Медиуми: Дали доколку претседателот не го потпише Указот за Законот за употреба на јазиците, дали истиот може да се објави во Службен весник?
Значи согласно процедурите, Претседателот е должен да го потпише Указот, и после тоа се објавува во Службен весник.