Денешниот циркус на СДСМ и ДУИ не е ништо друго освен очајнички обид за дефокусирање на јавноста од катастрофалните, антидржавни политики.

Како што граѓаните стануваат се посвесни за неспособноста на владата и лагите на Зоран Заев, така ќе се засилува притисокот со политички монтирани случаи. Како што се зголемува револтот од насилничкото носење на штетниот закон за јазици, така се засилува и политичкиот прогон со неосновани пријави.

Само во држава каде што не владее правдата и каде што постапки се водат врз база на политички нарачки, а не врз база на аргументи, може да се креираат случаи во кои кривично се гонат лица, а нема утврдено никаква штета.

Дури и лично директорот на финансиската полиција призна дека во моментов немало утврдено никаква штета и дека таа дополнително ќе се утврдувала. Повеќе од јасно е кој и зошто наредил политички да се злоупотребуваат институциите за вакви излети. Секое незаконско и несовесно постапување ќе биде ревидирано, откако ќе се врати правната држава.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/03/2018 17:49