Во гостувањето во вестите на телевизија Алфа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа дека ВМРО-ДПМНЕ застанува позади одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов, за непотпишување на законот за јазиците и дека тоа претставува државнички чекор.
Мицкоски изрази жалење, бидејќи и Зоран Заев го имал истото право, но не го искористил и во овој случај, како што рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, тој е кукавица.
-Претседателот Ѓорѓе Иванов постапи државнички. ВМРО-ДПМНЕ апсолутно стои позади одлуката на претседателот на државата, дека ваков закон не заслужува потпис. Бидејќи основно право на претседателот на државата и негова обврска е да го заштити Уставот и интересите на граѓаните на Република Македонија. Истото тоа право и обврска, би требало по Устав и по закон да има Зоран Заев, но за жал во овој случај кукавицата е тој. Тој го одбра неделовничкиот начин, шверцерскиот начин, како да ја понижи Република Македонија и родот свој и ова нема да му го заборавиме, потенцира Мицкоски.
Мицкоски дополнително кажа дека Заев е кукавица бидејќи го донел законот на ваков начин.
– Иако во многу наврати во минатото лично го предупредував и преку пресконференции, но и преку моите настапи на социјалните мрежи. Дека Македонија не смее во овој момент да си дозволи вакво недолично однесување, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.