ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да го напуштат минатото и политиките на поделби и конфликти коишто граѓаните ги поразија на последните неколку изборни циклуси.
Никола Груевски и неговите погубни политики се минато, граѓаните им кажаа НЕ во неколку наврати.
Време е за реформи што обезбедуваат економски раст, интеграција и едно општество за сите. ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи реформите и евроатлантските интеграции, а со тоа да поддржи подобар живот на граѓаните.
Тоа е во интерес на Република Македонија и на сите нејзини граѓани.