Непознат сторител синоќа со камења и парчиња од бекатон плочки скршил три стакла од просторијата на седиштето на општинската организација на политичката партија СДСМ во Гостивар, лоцирана на улицата „Илинденска“.
Како што соопшти МВР, во полиција вчера било пријавено дека околу 1 часот по полноќ непознат сторител со камења и парчиња од бекатон плочки скршил три изложни стакла од партиското седиште. Од страна на увидна екипа од полициската станица Гостивар бил извршен увид и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.