Помина времето кога преку лажен патриотизам се создаваа тензии меѓу граѓаните, тој концепт што создаде поделена и заробена држава е поразен.

Македонија избра да оди напред како едно општество за сите.

Законот за употребата на јазиците којшто претходно целосно беше прифатен од страна на ВМРО-ДПМНЕ е во согласност со Уставот и амандманот 5 донесени во 2001 година.

Со новиот Закон за употреба на јазиците никој не губи, а граѓаните од помалку бројните заедници добиваат едно уставно право што досега им беше ускратено и се овозможуваат услови за подобра комуникација меѓу граѓаните и институциите.

Граѓаните Албанци ќе го користат својот мајчин јазик во општините каде што се повеќе од 20%, Ромите ќе го користат својот јазик во единствената ромска општина во Европа, Турците во Гостивар, Србите во Куманово....

Во Штип, во Кочани, во Струмица, никој не мора да зборува албански јазик.

ВМРО-ДПМНЕ треба да се откаже од политиките на поделби, конфликт и раздор и да го прифати концептот едно општество.

Тоа е во интерес на државата и на сите граѓани.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/03/2018 00:39