Мајка и две деца се убиени денеска во нивниот дом во близина на Торонто, објавија канадските власти.

Децата се на возраст од 13 и 15 години а мајката е бугарската државјанка Красимира Пејчиновски која била во брак со македонски државјанин со кого била разделена.

Идентитетот на таткото Македонец не се открива. Третото дете во семејството се спасило од смрт затоа што заминало на часови за возачка дозвола.

Осомничен за убиството е 29 годишното момче на Красимира, Кори кој најверојатно бил под дејство на дрога во моментот на трагедијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/03/2018 01:48