Зоран Заев е уценет човек.
Зоран Заев минатиот март лично тврдеше дека експертите му ја укажале за неуставноста на секое решение кое би предвидувало двојазични пари и униформи.
Една година подоцна, уценетиот Заев ги натера пратениците на СДСМ да гласаат закон за двојазичност кој што знаат дека е спротивен на Уставот.
Владејачкото мнозинство на сила и без почитување на правото на амандманска расправа го донесе закон за двојазичност, кршејќи го Уставот, законот и Деловникот на Собранието на Република Македонија.
Овој закон со кој се наметнува двојазичноста на целата територија на Република Македонија е штетен, неприменлив и неуставен .
Одлуката на Претседателот Иванов да не го потпишува указот на законот за двојазичност е државнички потег и единствен можен кога флагрантно се крши Уставот и се дерогира правото.
ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека за ова флагрантно кршење на правниот поредок на државата одговорност ќе има. ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе интерпелација и кривична пријава против Талат Џафери, кој ја узурпираше функцијата претседател на Собранието на Република Македонија.
Зоран Заев и СДСМ се обидуваат да направат дефокус од катастрофалните политики на секое можно поле. Затоа сме сведоци на невиден политички прогон поврзан со настаните од 27 Април, но и сите други неистомисленици на оваа антиреформска Влада.
Патриотите кои се наоѓаат по затворите се со една цел, а тоа е да се одвлече вниманието на јавноста од ваквите антидржавни политики.
Пораката е многу јасна ! Сите оние кои се неистомисленици на Заев и на СДСМ се потенцијална цел на политичкиот прогон кој го спроведува оваа власт.
Додека вистинските криминалци се на слобода, патриотите и неистомислениците на Заев се по затворите.
Правосудните органи мора да работат во интерес на почитувањето на законите и Уставот во Република Македонија.
Политичкиот прогон мора да запре веднаш, а судот да се ослободи од стегите на власта. По враќањето на правната држава секој ќе одговара за несоодветното постапување.
Македонија мора повторно да стане правна држава, патриотите да се ослободат од притвор и од конструираните обвиненија и да се почитуваат Уставот и законите во државата.
Наместо “Живот за сите“, Република Македонија тоне во беда, сиромаштија а граѓаните од ден на ден се повеќе се разочарани. Се спроведува политички прогон и реваншизам наместо просперитет напредок.
Република Македонија е синоним за најслабата економија, најслабата демократија, најслабата земја во прогрес на било кое поле во цел регион, само поради една причина, а тоа е заради најнеспособната Влада на Зоран Заев и СДСМ.