Начинот на кој што СДСМ ги потценува граѓаните е навредлив.

СДСМ е единствена партија што се фали со рејтинг каде нема поместување.

Република Македонија по една година под власт на СДСМ е во општа економска стагнација.

Обновениот кредитен рејтинг ББ- е резултат на владите на ВМРО-ДПМНЕ во минатото . Овој кредитен рејтинг државата го има уште од 2013 година, а за прв пат оваа година поради расипништвото на СДСМ, Агенцијата Стандард и Пурс нотира дека ризик по рејтингот е нивото на Јавниот долг.

Реалноста е дека државата во овие година дена се задолжи за над една ипол милијарда евра, а само од почетокот на годината до сега нето долгот го зголемила над 540 милиони евра. Со вакво темпо јавниот долг бргу ќе ја надмине 50% од БДП.

Незнаењето да управуваат со економијата резултираше и со стагнација на економијата и 0% раст за 2017 година, во услови кога земјите од остатокот од регионот и Европа бележат економски напредок.

Власта е неспособна, а тоа го покажува и процентот на реализирани капитални инвестиции од почетокот на година до сега, кој изнесува 3%. Со ваков степен на реализација неизвесно е остварувањето на планираните капитални инвестиции за 2018 година.

За лошата економска политика придонесе и кампањата на СДСМ против странските инвеститори. Затоа нема нови странски инвеститори. Тие ја заобиколуваат државата и инвестираат во земјите од регионот.

СДСМ го напушти успешниот модел на привлекување на странски инвестиции на владата на ВМРО-ДПМНЕ, а ефектите од тоа веќе се гледаат.

СДСМ не го реализира ниту ветеното во својата изборна програма. Нема плати од 500 евра, нема повисоки пензии, нема повисока социјална помош.

СДСМ е вистинско цунами за македонската економија.

Една година СДСМ. Една година економска стагнација.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2018 00:26