Државата и оваа година ќе покрива 60% од осигурувањето за земјоделците, но ќе работиме и на подигање на свеста за потребата од осигурување, изјави на првата трибина со земјоделците и осигурителните компании за осигурувањето во земјоделството, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

“Во време на чести елементарни непогоди, потребно е да се зголеми бројот на осигурани земјоделци, кој за жал е сеуште многу низок. Придобивките од осигурувањето на земјоделството и користењето на државната мерка за кофинансирање на трошоците за премиите се големи. Ги повикувам земјоделците да ги искористат што повеќе. Како ресорно министерство и понатаму ќе работиме на обезбедување ефикасни инструменти со кои ќе го заштитиме земјоделското производство”, вели Николовски.

Министерот најави и нов функционален модел на краток, среден и долг рок, нов советодавен систем, интензивни промоции, користење на нови финансиски инструменти (Европа РЕ ) и успешни странски искуства како Шпанија и Турција како и измени и усогласување на законите.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2018 00:43