Прашање:Како ги коментирате изјавите на проф. Владо Поповски поврзани со законот за јазици и непотпишувањето на указот на претседателот Ѓорѓи Иванов?
Одговор:Тоа е личен став на професорот Поповски и навистина нема што да додадам по повод тој негов личен став и навистина жалам што не успеа да ги препознае вредностите кои што ВМРО-ДПМНЕ ги артикулира изминатиот период во јавноста.
Прашање: Дали протестите кои се организираат пред домовите на пратениците ја нарушуваат нивната безбедност и дали вие стоите позади нив?
Одговор: Навистина е жално да се гледа тоа што се случува во моментот во Македонија, некој тоа го испровоцира. Јас апелирав да не дозволиме да се случи оваа ситуација, но некој тоа не успеа да го препознае. За жал тие луѓе денес се премиери, министри, претседатели така наречени на Собранието и целата одговорност е кај нив за оваа новонастаната ситуација. Гледам дека полициски сили ги чуваат домовите на пратениците од СДСМ, од владејачкото мнозинство и навистина ние како политичка партија не можеме да оправдаме било какво насилство. Но, секако одговорноста за ова што се случува во Република Македонија е на страната на владејачкото мнозинство, бидејќи во многу наврати во минатото без никаков аргумент ги игнорираа апелите кои што ние како ВМРО-ДПМНЕ ги упативме кон нив. И навистина жалам што сето ова и се случува на Република Македонија во моментов.
Прашање:Не ми одговоривте во однос на протестите дали вие како партија стоите зад нив?
Одговор: Не апсолутно.
Прашање:Како ја коментирате изјавата на претседателот на г-динот Ахмети дека законот за јазици, со или без потпис од Претседателот Иванов ќе биде донесен?
Одговор: Тоа е став на г-динот Ахмети кој што и понатаму им пркоси на законите и Уставот на Република Македонија. Се гледа дека едно националната агенда е негов приоритет. Не се приоритет реформите кои што ќе значат квалитет во животот на сите граѓани во Република Македонија. Продолжува со насилничкото однесување. Продолжува да ја наплаќа концесијата која што Зоран Заев ја има кон Ахмети, а тоа е резултат на ова 10 месечно катастрофално владеење во Република Македонија. Како човек како интелектуалец, се разбира насилство и закани не можам да оправдам. Ниту ова го оправдувам. Навистина ме чуди како не можат некои луѓе да се стават над ситуацијата и да ги гледаат интересите на сите граѓани во оваа држава, на сметка на интересите на една нација. Со еден збор, трагично е тоа што го слушам.
Прашање:Од СДСМ велат дека ја држите Македонија под уцена и дека поради тоа мнозинството граѓани не ја подржуваат политиката на ВМРО-ДПМНЕ?
Одговор: Дали мнозинство ја поддржуваат или не ја подржуваат, многу брзо ќе добијат одговор од СДСМ и чија политика ја поддржуваат. ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на реформите, останува на маса, континуирано работиме во тој процес, учествуваме со свои луѓе, со свои кадри во преговарачкиот процес. Претпоставувам дека ако постои и малку волја да бидат чесниот СДСМ тоа ќе ви потврдат и посведочат за посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ во моделирањето на таканаречените реформски закони бидејќи тоа што стига како стига како предлог не може да го добие предзнакот реформски, бидејќи се со полош квалитет и од времето на комунизмот , тие предлози кои што стигаат. Така што, ВМРО-ДПМНЕ ќе остане фокусирана, затоа што интерес на граѓаните е оваа држава да оди напред, да се случуваат реформи што ќе значат поквалитетен живот, посигурна иднина и подобра иднина за сите граѓани во Република Македонија. Но, очигледно дека целата на СДСМ е преку вакви прашања, невешто да го свртат вниманието на јавноста а и јавноста е згрозена од чинот кој што се случи во средата. Девијантното однесување и насилничко во собранието кога не беше испочитувана волјата на најмалку 450.000 гласа, бидејќи да ве потсетам, на последните предвремени парламентарни избори во декември,2016 година ВМРО-ДПМНЕ победи и победи со 20.000 гласа предност и освои повеќе пратеници од СДСМ. Но, очигледно дека концесијата создадена тогаш, денеска Зоран Заев мора да ја плаќа. Но, ја плаќа на штета на граѓаните на Република Македонија и тоа е трагичното во овој случај.
Прашање: Околу амандманите што ги имате поднесено како партија. Дали сметате дека толкав број на амандмани го оневозможуваат процесот да тече како што треба и дали сметате дека со многу помалку амандмани ќе можеше да се постигне она што вие го сакавте?
Одговор:Јас ќе ве потсетам на документот од страна на пратеникот Талат Џафери кога ги повикува пратениците во собранието да достават амандмани, ќе ве потсетам на второто читање кога ВМРО-ДПМНЕ достави 82 амандмани или 84, не ми земајте за зло може точната бројка ќе ја промашам, но тогаш повторно му се пркосеше на процесот и повторно се случуваше филибастеринг од страна на двајца пратеници на ДУИ и како реакција на акцијата на владејачкото мнозинство се случи да пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поднесат толкава бројка на амандмани. Ние тогаш повикувавме на разум, повикувавме на вистинска суштинска дебата, не само дебата која што декларативно ќе трае девет месеци, а притоа ниту една сугестија од таа дебата нема да биде вклучена во последната верзија на законот, за што бевме сведоци апелираа и голем број експерти, професори по уставно право и по македонски јазик и така натаму. Апелиравме да се формираат работни групи, понудивме решение како да се надмине оваа ситуација, но очигледно дека некому повеќе му одговара во Македонија во моментов да има состојба каква што е, отколку Македонија да се движи напред, Македонија да се реформира, Македонија да прерасне во една современа европска држава. ВМРО-ДПМНЕ е партија која што е државотворна и партија која што ќе остане посветена и фокусирана на реформите, но истовремено браник на националните и државните интереси. И ВМРО-ДПМНЕ во многу наврати во изминатите денови ги кажа следните чекори, дури и јас лично преку едно телевизиско интервју, така што јавноста многу брзо ќе биде сведок што ќе се случува во иднина.
Прашање:Во моментов има протести пред владата, ќе излезете ли и Вие со граѓаните?
Одговор:Ние многу јасно кажавме што следи и кои чекори ги презема ВМРО-ДПМНЕ во периодот којшто следи и кога ќе отпочнат протестите кои што ќе бидат организирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Јавноста, народот, но и сите оние добронамерници кои што ќе сакаат да ни се приклучат, ќе бидат информирани кога точно ќе се случува тоа.
Прашање:Од прилика имате некои датуми?
Одговор:Го кажав тоа во една емисија на едно интервју пред неколку дена.