ВМРО-ДПМНЕ е автор и симбол на кризите, насилството, конфликтите и меѓуетничките поделби, политики коишто се единственото наследство што таа партија им го остави на граѓаните и општеството.

Граѓаните се поголеми и посилни од поделбите. Македонија веќе расчисти со поделбите на ВМРО-ДПМНЕ и затоа опозициската партија мора да престане да предизвикува насилство и да се откаже од организирање протести кои шират говор на омраза кон поддржувачите на концептот едно општество, односно кон мнозинството граѓани во Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ зад себе остави заробена и уништена држава, а она што партијата на Христијан Мицкоски го уништи во 11 години владеење, Владата предводена од СДСМ секојдневно го санира овие 10 месеци.

Тоа го покажуваат и економските параметри коишто ги гледаат сите освен ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Зголемената минимална плата, решавањето на статусот на стечајчците, подобрениот кредитен рејтинг, растот на индустриското производство, намалување на невработеноста се само дел од економските показатели коишто ги потврдуваат успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ.

Христијан Мицкоски треба да отиде во секој град и секое село, да тропне на секоја врата, да ги види штетите од 11 годишното криминално владеење на неговата партија и даму се извини на секое семејство за пустошот што го направија.

Мицковски должи извинување за 11 години притисоци и закани кон граѓаните, за украдените избори и за украдените пари од граѓаните.

Се додека ВМРО-ДПМНЕ вистински не се реформира и не ги отфрли политиките на поделби и конфликти, освен деструктивна, не може да биде демократска алтернатива. Затоа и никакви најавени совети и вклучувања на експерти нема да и помогнат на ВМРО-ДПМНЕ ако опозициската партија не се откаже од деструкцијата.

ВМРО-ДПМНЕ треба да престане со обидите да го кочи развојот на Македонија и да преземе одговорност, да се демократизира и да прифати дека во Македонија живеат граѓани од различни заедници и дека сите граѓани се за едно општество, за демократија и напредок.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2018 00:56