Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон изјави денеска дека Русија натрупала залихи од смртоносниот нервен агенс „Новичок“ што бил користен за труење на поранешниот двоен руски агент во Британија, и дека Русите истражуваат како тоа оружје може да се употреби за убиства.

– Имаме докази дека во изминатите 10 години Русија не само што истражува употреба на нервни агенси со цел убиства, туку и создава и трупа залихи од „Новичок“, изјави Џонсон за Би-Би-Си.

Британија тврди дека Русија користела нервен агенс од осветски период под назив „Новичок“ за напад врз поранешниот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во прва позната офанзивна употреба на такво оружје на европско тло од Втората светска војна, додека Русија негира каква било вмешаност.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2018 01:31