Од ноќеска на полноќ дизелот поевтинува за половина денар, а цената на бензините останува иста, одлучи Регулаторна комисија за енергетика.
Цените на „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ остануваат 65,5 денари, односно 67,5 денари за литар.
Нова цена на дизелот ќе изнесува 57,5 денари за литар.