Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) денеска соопшти дека во Русија немало вистински избор на вчерашните претседателските избори.
ОБСЕ наведува дека за време на изборите регистрирани се притисоци врз сите кои критикувале.
- Избор без вистинска конкуренција, која овде ја видовме, не е вистински избор, се посочува во соопштението на ОБСЕ.
Исто така се посочува дека ограничувањето на фундаменталните слободи, како и регистрацијата на кандидатите го намалија просторот за политичко дејствување, што резултира со недостиг на вистински натпревар.
- Набљудувачите забележаа повеќи видови мерки, вклучително и несоодветен притисок врз граѓаните да излезат на гласање, истакнува ОБСЕ.
Путин вчера победи на претседателски избори со 76,7 отсто од гласовите.