Се подготвува нов закон за градежни производи. Tреба да го подобри квалитетот на домашните градежни материјали, велат од надлежното здружение при Стопанската комора. Се очекува законот да биде донесен до крајот на годинава.

Од Здружението велат дека компаниите кои нема да го применат, нема да можат да учествуваат на тендери.

Од Здружението велат дека во изминатите години се вршел увоз на небезбедни градежни материјали, цемент и арматура. Најголемиот дел од арматурата е увезувана од Грција, Бугарија и Босна и Херцеговина, а цементот од Албанија и од Турција.

По реакцијата до надлежните институции, Царината, пазарниот и градежниот инспекторат, материјалот бил повлечен од употреба.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2018 22:32