ВМРО-ДПМНЕ, партијата што со години ги партизираше и злоупотребуваше институциите, нема капацитет да разбере што значи нулта толеранција за корупција и криминал и што значи неселективно владеење на правото.
Денес институциите работат независно, професионално, согласно нивните надлежености, ослободени од партиски притисоци и во интерес на граѓаните, а законите важат за сите подеднакво.
Секој кој го прекршил законот одговара за своите постапки без разлика на неговата етничка, верска, партиска или каква било друга припадност.
Тоа е суштинска разлика што ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да ја согледа, а којашто носи придобивки за Република Македонија и нејзините граѓани.