Актерката и неолибералната активистка Синтија Никсон, позната по ликот на Миранда од „Сексот и градот“, денеска објави дека ќе влезе во трката за гувернер на Њујорк, предизвикувајќи го сегашниот гувернер Ендрју Куомо во трката за номинацијата од Демократската партија.

– Го сакам Њујорк и ја објавувам кандидатурата за гувернерка, напиша на Твитер 51-годишната Никсон.

Шеесетгодишниот Куомо, син на покојниот гувернер на Њујорк, Марио Куомо, оваа година го бара третиот мандат. Демократските партиски избори ќе се одржат на 13-ти септември, а изборите за гувернер на 6-ти ноември.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2018 23:36