ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека насилничкото носење на неуставниот, неприменлив и штетен закон за двојазичност носи ризик по државата и може да предизвика дополнителни тензии.

ВМРО ДПМНЕ апелираше за опасноста и чувствителноста на моментот. Нашите апели за жал беа игнорирани од владејачкото мнозинство, кое одлучи да оди спротивно на препораките на Претседателот на државата и експертската јавност.

СДСМ одлучи да се коцка само заради зачувување на поддршката на нивната влада. СДСМ наместо соживот, со насилничкото носење на законот за двојазичност предизвикува поделби. СДСМ ги погази Уставот и законите и ги стави во сенка на коалицискиот договор со ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ ги демантира обвинувањата од претставници на СДСМ дека е организатор на протестите пред домовите на пратениците од СДСМ. Со ваквите конструкции СДСМ повторно се обидува да направи дефокус од антидржавните политики кои ги реализираат.

ВМРО-ДПМНЕ не оправдува било какво насилство, без разлика што ваквата пракса на насилство ја наметна токму СДСМ, кои лично и преку таканаречената шарена револуција оштетуваа државен имот низ центарот на Скопје, протестираа пред домови на политичари и вербално ги напаѓаа на јавни места.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2018 23:56