На граѓаните на Струмица и околината Мицковски им должи извинување затоа што 11 години беа заборавени од централната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Христијан Мицкоски треба да смогне сили и да ги напушти политиките на поделби, конфликт и омраза.
СДСМ нема да дозволи деструктивните сили во општеството да ја загрозат иднината на државата, ниту пак безбедноста на граѓаните и пратениците.
Правото на протест е неспорно, уставно загарантирано. Но, јасно е дека тука не станува збор за протести, туку за организирани закани врз пратениците, врз нивните семејства и нивните домови. Лесно може да се заклучи кој стои зад ова, но ВМРО ДПМНЕ мора има предвид дека заканите, сеењето омраза и поттикнувањето насилство се кривични дела.
Секој кој ја загрозува сигурноста или безбедноста на кој билој граѓанин, мора да сноси одговорност.