Пред големиот солистички концерт закажан на 28 април во ВИП Арена „Борис Трајковски“, момците од ТРОПИКО бенд решија да ги израдуваат своите фанови. По три години од последното це-де, подготвија три нови песни од кои една е веќе пуштена во јавноста.
-Синглот „Само иди“ е една мала увертира за она што го подготвивме за нашата публика, иако сите три песни се сосема различни, не само една од друга, туку и од она што досега го работевме, со нетрпение ги очекуваме реакциите на публиката“, вели Сале, фронтменот на ТРОПИКО.
После видеото за песната „Само иди“ се очекува екранизација и на дуетската песна со Џенан Лончаревиќ, и тоа под будното режисерско око на Вук Костиќ.
-Повторно ги вкрстивме копјата со Џенан, но и со Вук, кој покрај улогата на режисер се најде и во главната улога во спотот. Единствено што можам да кажам е да очекувате едно големо изненадување и вистинска филмска приказна!“ – вели Сале.
И додека уживаме во новиот сингл „Само иди“ со нетрпение го очекуваме 28 април, зашто познавајќи ја нивната енергија, музичко-сценски спектакл е она што најмалку може да се очекува.