Сите самохрани родители кои имаат плата и месечни приходи во износ до минималната плата утврдена со Закон од денеска ќе бидат ослободени од плаќање партиципација за сместување дете во јавна градинка, информира Министерството за труд и социјална политика.
Тоа, како што појаснуваат, е овозможено со измени на Правилникот за условите, критериумите и начинот на остварување на правото на партиципација во трошоците за згрижување, воспитување, одмор и рекреација на деца во јавните установи за деца, што се објавени денеска во Службен весник на РМ.
За остварување на правото на партиципација јавните градинки и сите самохрани родители кои ги исполнуваат законските услови треба да поднесат барање со потребната документација наведена во Правилникот, до јавната установа за деца во која престојува односно е згрижено детето.