Времето на криминални тендери и расипничко трошење на парите на граѓаните заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.
Денес, одговорно се управува со јавните финансии, а институциите постапуваат според своите надлежности независно, професионално и целосно ослободени од партиски притисоци.
Секој кој го прекршил законот се соочува со одговорност за своите постапки без разлика на неговата етничка, верска, партиска или каква било друга припадност.
Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да ја разбере таа разлика и не може да разбере што значи неселективно владеење на правото и нулта толеранција за криминал и корупција.