Денес бев на кафе средба со младите од Радовиш. Ги прашав како живеат, ми одговорија многу лошо. Животот дојде ама само за градоначалникот и неколкумина од СДСМ, за сите останати животот е се потежок. Загрижени за својата иднина велат, ние само останавме во градот, нашите врсници се раселени.
Џагорот го нема по улиците, младите не гледаат иднина. Ѓорги, вели моите родители се земјоделци, одгледуваат тутун, ај што ги намалија субвенциите, намерно и свесно тој се проценува по пониски класи, а со тоа и добивката е пониска. Друг вели катастрофата од закон, законот за јазици им е приоритет, а не младите, ќе вработуваат преведувачи, администрација, а едно ново работно место, една инвестиција не отворија.
Им порачав, младите нема и не смеат да бидат заборавени. Тие се и ќе бидат мојот приоритет. Затоа што тие заслужуваат подобро, пишува Мицкоски на Фејсбук.