Француската полиција денеска го приведе на распит поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози во рамки на истрагата за илегално финансирање на неговата предизборна кампања.
Истрагата се води во врска со финансирање на неговата кампања со либијски пари, во претседателската кампања во 2007 година, пренесе Ројтерс.