Одговор на новинарско прашање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Прашање: Донесен е Законот за двојазичност, но каква е состојбата на терен како обичниот граѓанин реагира на овој закон?
Одговор: Реакциите се навистина негативни, чувствата кај луѓето се големи, на едно високо ниво. Било дали е тоа Босилово, било дали е тоа Ново Село, денеска Радовиш, Струмица, Струмичко. Од оние посети кои што и состаноци кои што имавме можност деновиве да ги реализираме на терен овде, сите се навистина негативни. Навистина луѓето не можат да ја најдат вистинската логика зошто мораше сега и зошто мораше ваков закон да се донесе. И чуму беше потребен овој закон, но очигледно дека погрешните политики на Зоран Заев и неговата самобендисаност ги предизвикува овие чувства кај граѓаните.
Не беше потребно да се случи на ваков начин со прекршување на сите закони на процедурите на Деловникот во Собранието, да се донесе еден ваков антиуставен закон, а потоа во втора фаза и неприменлив.
Апелирам да го повлечат овој закон бидејќи се уште нема потпис од страна на Претседателот на државата. Што според нас значи дека се уште не е применлив, односно не може да се смета дека е усвоен, да го повлечат, да го вратат на доработка, да формираме работни групи, тие работни групи да можат да се посветат целосно на овој закон, на неговиот квалитет да го направат уставен, а понатаму во една нормална редовна парламентарна процедура да донесеме законско решение кое што навистина ќе биде од корист на сите граѓани во Република Македонија.