Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес се обрати пред присутните граѓани во Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Василево.
Мицкоски на средбата ги посочи катастрофалните и деструктивни политики кои ги спроведува владата на СДСМ, а кои веќе се чувствуваат од страна на граѓаните на Република Македонија.
Имаме раст на бруто домашниот производ, тоа е параметарот кој што ја одразува економската слика, економскиот раст во државата е еднаков на нула проценти и единствен во Европа, најнизок, нема понизок од тој. Косово има повисок од нашиот. Имаме намалување на индустриското производство, отприлика од околу 4 % . Инвестициите, странски директни се некаде за стотина милиони евра помали во 2017 споредана со 2016 . Откако Зоран Заев ја превзема улогата премиер во оваа држава, промашија буџет отприлика околу 150 до 160 милиони евра. Дополнително ги задолжија граѓаните за некаде околу 566 милиони евра и тоа е некаде околу 1 250 евра по семејство. Државните резерви ги намалија за фантастични 266 милиони евра. Рекорд до рекорд, но се разбира во негативна конотација односно од лошо, полошо неможе да има од аспект на економијата, изјави Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, додаде дека граѓаните во овие 10 месеци апсолутна власт на СДСМ не виделе реализација на ниту еден проект или реформа која е во интерес на граѓаните. Но како што рече поради недостаток на проекти, СДСМ има само една задача, а тоа е уништување на сопствената држава.
Тој носењето на законот за јазици од страна на владејачкото мнозинство на СДСМ го нарече шверцерско и девијантно делување.
Криво наседено дрво, криво и ќе израсне, така што нема да биде применливо и нема да се спроведува.
Еве почнаа сега се обидоа на шверцерски начин да го протнат таканаречениот закон за јазиците. Спротивно на сите процедури, спротивно на сите закони. Се обидоа едно решение кое што е и антиуставно и неприменливо понатаму да го протнат на еден шверцерски начин во собраниска процедура. Видовте како помина, без да биде запазено елементарното право да секој пратеник кој што го поднел амандманот да може да дискутира по истиот, потенцираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски пред граѓаните истакна дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде на браникот на одбрана на националните интереси на граѓаните и државата, споменувајќи дека СДСМ игра задкулисни игри и води преговори за спорот со името со Грција зад затворени врати.
Водат преговори за името таинствени никој и ништо не знае што се случува. Сега читам дека испратиле некаква предлог спогодба до соседна Грција која што треба да биде одговор на предлог спогодбата што Грција на нас ни ја доставила. Ние сме најголемата политичка партија, со 455 илјади гласа на последните парламентарни избори ниту некој ниту кажал што прават, ниту некој не прашал до каде е работата. Тераат како што замислиле, а тоа како побрзо да ја распродадат и уништат оваа држава, заврши Мицкоски.