Најголем дел од транспортерите членки на здружението „Кипер” ги добија парите кои ги побаруваа од кавадаречкиот комбинат „Фени” за транспорт на руда, потврди за МИА претседателот на Здружението Трајче Пејовски.

Исплатени се 98 проценти од долгот од 3.100.000 евра.

– Ни должеа околу 3.100.000 илјади евра, 98 проценти од долгот е исплатен. Останува да им се исплати уште на две-три фирми, изјави Пејовски, изразувајќи задоволство поради тоа.

Најави и понатамошна соработка со комбинатот.

Поради неисплатените побарувања од „Фени“ здружението „Кипер“ во изминатиот период во неколку наврати организираше протести со блокади.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/03/2018 19:19