Комерцијална банка АД Скопје ја известува јавноста дека на 21.03.2018 година во блок трансакција беа истргувани вкупно 298.003 акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје, по цена од 3.750 денари по акција, во вкупна вредност од 1.117.511.250 денари.
Досегашниот акционер со квалификувано учество East Capital Explorer Investments AB и неговото поврзано лице Salink Limited изврши продажба на сите акции што ги поседуваше во Банката, односно 298.003 акции што претставува 13,076% учество во вкупниот број на акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје.
Како купувачи на продадените акции се јавуваат следните правни лица:
Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт Импорт
Гранит АД Скопје
ИГМ-Трејд Илија ДОО
Индустри Сервис ДОО Скопје
Секое од правните лица поединечно не го надминува прагот од 5% акционерско учество во вкупниот капитал на Банката.