-Случајот на Специјалното јавно обвинителство е политички со цел да се дефокусира јавноста- вели за Телевизија 24 пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски откако СЈО го објави случајот „Моќник“ во кој осомничен е токму тој.
-Се работи за политички инспириран случај со цел да се покрие и дефокусира „Монструм“, двојазичноста и доаѓањето на Коѕијас“- вели Милошоски.
Според СЈО, пратеникот го навел градоначалникот на Македонски Брод да го изманипулира Советот на општината и на неговиот татко да му го продаде објектот во село Ижиште во кое била сместена општина Пласница и бил сопственик на Република Македонија. Тој ги изманипулирал советниците и им рекол дека му е даден на 30-годишна концесија на таткото на пратеникот и дека сака да отвори таму приватен бизнис.
За продажба на објектот било организирано јавно наддавање кое градоначалникот не го објавил во Службен весник и единствено на него се јавил таткото на пратеникот кој го купил објектот за 670 денари повеќе од почетната цена. Потоа со измама во катастар успеал да го внесе објектот на свое име, а му било продадено и државно земјиште по цена од 100 денари за метар квадратен иако пазарната цена изнесувала 400 денари. На тој начин се стекнал со противправна имотна вредност од милион 795.800 денари, како и милиони 176.000 денари за купување на земјиштето.
Кога разбрал градоначалникот на општина Пласница, Исмаил Јајовски дека е продаден објектот во кој е сместена општината побарал од Владата да ја испита ситуацијата, и комисија утврдила дека се направени многу пропусти при продажбата и дека општината продала имот што е на државата.
За да му се одмазди на градоначалникот Јајовски, пратеникот му праќал инспекции во неговата компанија „Пуцко петрол“, а на судијата кој го судел случајот го лустрирал и му било забрането да ја врши дејноста.
За ова дело вкупно се товарат 13 лица.