Промени на крвниот притисок, главоболки, вртоглавици, лоша циркулација на крвни садови..., деновиве имаат хронично болните и другите пациенти поради наглите температурни разлики.

- При вакви промени во пролет или во есен, кога има големи температурни разлики, кај возрасните и оние кои имаат хронични заболувања доколку е нарушена циркулацијата тогаш и пациентите имаат зуење во ушите, најчесто со вртоглавици, главоболки...,изјави за МИА претседателот на Здружението на приватни лекари на Република Македонија, Лилија Чолакова Дервишова.

Таа посочи дека апелираат како професионалци секој пациент кој има тегоби, вртоглавица, нарушена рамнотежа, зуење во ушите, некои други промени во телото да се обратат кај своите матични доктори, за да им биде дадена соодветни терапии.

- При промена на времето најчесто во Итната медицинска помош се јавуваат луѓе кои имаат вртоглавица, гадење, зголемен или намален крвен притисок, слошувања. Бројот на повици во Итната медицинска помош деновиве не е зголемен. При секоја промена на времето симптомите кои се јавуваат кај пациентите се идентични. Тие треба да си земаат редовната терапија, изјави за МИА, Весна Неделковска од Итната медицинска помош.

Додаде дека интервенирале во стотина случаи, а совети преку телефон добиле 50-тина луѓе.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2018 21:55