Просечната месечна нето-плата исплатена во јануари изнесува 24.025 денари и е зголемена за 5,5 отсто во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).
Ваквото зголемување се должи на зголемувањето на просечната нето-плата по вработен во секторите уметност, забава и рекреација (37,3 проценти), рударство и вадење на камен (20.3 проценти) и земјоделство, шумарство и рибарство (12,5 проценти).
Од ДЗС исто така известија дека го промениле досегашниот начин на прибирање на податоците за плати, односно од хартиени обрасци чиј извор биле деловните субјекти, преминале кон користење податоци од Управата за јавни приходи.
„Промената е направена со цел да се намали оптовареноста на извештајните единици и да се подобри квалитетот на податоците“, информираат од ДЗС.