Цената на становите во Скопје лани паднала за 14 проценти Просечната цена на метар квадратен станбена површина во 2017 година изнесувала 41.822 денари, што е за 2,9 проценти помалку во однос на 2016, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во Скопје просечната цена на метар квадратен лани изнесувала 43.710 денари, што е за 14 проценти помалку во споредба со 2016 година, а во останатите населени места во Македонија 32.001 денар, што е за 2,2 проценти помалку во споредба со 2016.

Во втората половина од минатата година просечната цена на метар квадратен стан е намалена за 6,2 проценти во однос на првото полугодие, а во Скопје намалувањето изнесува 4,8 проценти.

Наведените просечни цени се без Данок на додадена вредност.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/03/2018 02:43