Зоран Заев лаже!
Зоран Заев едно зборува, а друго прави дури и кога се во прашање највисоките државни интереси.
Зоран Заев не го интересира ниту Устав, ниту закон. Го интересира само власта и функцијата од чисто лукративни мотиви.
Зоран Заев лаже дека никој нема да биде казнет за непознавање и неприменување на албанскиот јазик. Зоран Заев лаже дека овој неуставен закон нема да се применува и во Штип и во Прилеп и во Радовиш. Секаде, на целата територија, вклучително и во источна Македонија.
Во законот јасно стои дека сите судски постапки, управни, кривични, граѓански, како и постапки пред органите на државната управа ќе мора да се водат и на албански јазик доколку во нив се појави сограѓанин Албанец.
Зоран Заев лаже дека ова нема да се реализира исто како што лажеше на 10 март дека двојазичните униформи и двојазичните пари биле неуставни. Сега Зоран Заев реши и ваквото неуставно решение на сила да го истурка за да се додвори на ДУИ.
Зоран Заев лажеше и на 17 мај кога ја потпиша изјавата кај Претседателот Иванов и се обврза дека ќе го гарантира уставниот поредок и нема да се носат закони кои ќе бидат во спротивност со Уставот.
Законот за двојазичност, кој СДСМ и парламентарното мнозинство насилно го донесоа во Собранието е штетен, неприменлив и неуставен.
Законот за двојазичност е во спротивност со волјата на граѓаните, ставот на експертите, Уставот на државата и укажувањата од страна на претседателот на нашата држава. Овој закон во поголем број на членови ги надминува Уставот и Рамковниот договор.
На Зоран Заев не може да му се верува!
Зоран Заев го доби мандатот благодарение на неговата гаранција дека нема да работи во спротивност со Уставниот поредок на државата и нема да го менува Уставот.
Заев вети. Заев излажа.
Зоран Заев е човекот кој ја киднапираше државата и го деградираше правниот систем. Овој човек ги погази Уставот и законите, само за да ја одржи својата коалиција со ДУИ.
Овој закон е неуставен и е на штета на граѓаните. Одлуката на претседателот Иванов да не го потпишува е единствено исправна одлука. Секој незаконски обид за негово озаконување без потпис на претседателот на државата претставува кривично дело и сторителот на истото ќе сноси кривична одговорност.