Зоран Заев и СДСМ ја киднапираа државата и го деградираа правниот систем.
Не ги интересира ниту Устав, ниту закон. Нив ги интересираат само функциите.
Законот за јазици е неуставен, неприменлив и на штета на граѓаните и државата. Одлуката на претседателот Иванов да не го потпишува е единствено исправна одлука.
ВМРО-ДПМНЕ апелира дека секој обид за негово објавување во службен весник и стапување на сила без потпис на претседателот на државата претставува кривично дело и сторителот на истото ќе сноси одговорност.
Законот за двојазичност е во спротивност со волјата на граѓаните, ставот на експертите, Уставот на државата и укажувањата од страна на претседателот на нашата држава.
Зоран Заев ги излажа граѓаните на 17-ти мај кога ја потпиша изјавата кај Претседателот Иванов и се обврза дека ќе го гарантира уставниот поредок и нема да носи закони кои ќе бидат во спротивност со Уставот.
Зоран Заев го доби мандатот благодарение на неговата гаранција дека нема да работи во спротивност со Уставниот поредок на државата и нема да го менува Уставот.
Зоран Заев и СДСМ го погазија Уставот и законите, само за да ја одржат својата коалиција со ДУИ.
Се што ветија, се излажаа. Само за да ја покријат оваа антидржавна политика, Заев и СДСМ монтираат политички обвиненија за тероризам, обидувајќи се да ги заплашат сите кои размислуваат поинаку и гласно се спротиставуваат на распродавањето на државните и национални интереси.
Патриотите кои се во притвор за случувањата од 27 април не се терористи. Судовите не смее повеќе да бидат слуги на Зоран Заев. Мора да ја согледаат фактичката состојба и доказите и да ги ослободат политички прогонетите.