СДСМ може да излаже и дека просечната плата е 60 000 денари, но Граѓаните на своја кожа ја почуствуваат катастрофалната економска политика на економската црна тројка Заев, Тевдовски и Анѓушев. Граѓаните секој ден гледаат како пред очи им поскапува потрошувачката кошница, а стандардот им опаѓа. Она што успеаа оваа тројка да го постигне е покачување на акцизите, задолжувањето на државата и вработување на партиски послушници за восоки хонорари во институциите.
Пораст на плати во Македонија нема. Постои само промена на методот на прибирање на податоци за плата. Очигледно СДСМ има намера да ја смени секоја методологија само за на хартија да ја покачи просечната плата.
Дека ова е само виртуелна реалност со која СДСМ манипулира. Доказ е нивото на реализиран персонален данок на доход во Буџетот на државата. Имено доколку постои пораст на просечната плата, во тој случај ваквата промена треба да се рефлектира и во буџетот. Податоците на Министерството за финансии за јануари 2018 година покажуваат дека во буџетот се собрани 1 032 милиони денари по основ на Персонален данок на доход односно исто колку што се собрани и во јануари 2017 година.
Залуден е обидот со фингирани статистички податоци кој сега СДСМ си го преставува како успех. Граѓаните гледаат, а за жал и чуствуваат како погубните политики на СДСМ ги осиромашуваат од ден во ден. Тоа мора да престане и ќе престане со симнувањето на оваа неодговорна и расипничка влада.