Турција спроведе успешни тестирања на првите балистички ракети од сопствено производство „Гукдоган" и „Боздоган", јави Анадолија.Според агенцијата, ракетите кои се заеднички развиени од страна на специјалисти на турските одбранбени структури беа првпат претставени на 13-тиот меѓународен саем на одбранбената индустрија 2017 во Истанбул. Тестирањето било спроведено на воениот полигон во Синоп.
„Гукдоган" е ракета со мал и среден дострел, а ракетите „Боздоган" се способни да нападнат цели на долги растојанија, соопшти агенцијата Анадолија.Проектот за разработување на овие ракети треба да биде завршен во 2020 година, по што ќе почне сериско производство на ракетите.