Илјадници демонстранти со каталонски знамиња излегоа на улиците на Барселона по апсењето во Германија на поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон, баран од шпанското правосудство.
На повик на една радикална сепаратистичка група – Комитети за заштита на републиката, демонстрантите се собраа на Лас Рамблас, познатиот булевар во центарот на Барселона, извикувајќи „Слобода за политичките затвореници” и „Пуџдемон е нашиот претседател”.
Тие се упатија кон зградата на делегацијата на Европската комисија во каталонската престолнина.