ВМРО-ДПМНЕ 11 години манипулираше со пензионерите, ускратувајќи го законското право пензиите да се усогласуваат со растот на трошоците за живот.
Токму неспособноста и криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ се причината за предизвиците со коишто денес се соочува Фондот за пензинско и инвалидско осигурување.
За разлика од таквиот потценувачки пристап на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ ги покачува пензиите во согласност со растот на трошоците на живот и растот на платите.
Усогласувањето на пензиите од 1 јануари 2018 година изнесува 1,69 отсто. Овој процент на усогласување на пензиите ќе се исплати ретроактивно за јануари, февруари и март 2018 година со исплата на пензијата за март 2018 година.
Со зголемувањето на минималанта плата и растот на просечната плата, се отвори сприралата за раст на платите, што позитвино влијае и врз идното реално покачување на пензиите.
Владата предводена од СДСМ преку успешните економски мерки и Планот за економски раст поттикнува отворање нови работни места, повисоки плати и економски раст. На тој начин ќе се стабилизира состојбата во ПИОМ и се обезбедува сигурност за сегашните, но и за идните пензионери.