Обичниот граѓанин најдобро гледа дали и колку е покачена просечната плата во Македонија, обичниот граѓанин гледа дека неговиот стандард е намален во споредба со лани.

Денешната прес конференција на министерот Тевдовски беше само потврда дека СДСМ се служи со методолошки и статистички шминки за да прикаже зголемување на просечната плата во Македонија.

Впрочем промената на методологијата само покажува дека нема реален пораст на платите. Дека политиките на владата на СДСМ не даваат никаков резултат показател е и фактот што нивните на големо најавувани субвенции за минимална плата се искористени со само 10% од вкупните средства во буџетот за оваа намена, што говори дека не влијаат врз висината на платите во Македонија.

Уште еден факт кој што фрла сомнеж во однос на висината на просечната плата е податокот, кој и самиот Тевдовски денес го потврди, е дека висината на приходите од персонален данок останала иста, односно повторно се исплаќаат безмалку истите плати, а евентуалното покачување на просечната плата е далеку од прикажуваното од страна на власта. Покрај ова во услови на 0 стапка на раст на економијата остварена во 2017 година илузорно е да се очекува реален раст на платите и на животниот стандард. Ова би било спротивно на било каква економска логика и економска теорија.

Оттука јавноста со право се сомнева во реалниот износ не само на просечната плата, туку и во реалноста на приходите од персонален данок кој што Тевдовски денеска невешто ги соопштуваше.

Граѓаните најдобро на свој грб ја чуствуваат економската политика на СДСМ која во државата не само што ја закопува македонската економија, туку со постојаното поскапување на трошоците за живот и цените на мало буквално го јаде стандардот на граѓанинот и ја зголемува сиромаштијата.

Хартијата и статистиката на СДСМ покажува едно, но реалноста и секојдневниот живот на граѓаните покажуваат сосема друго.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2018 23:36