Познати се овогодинешните 10 најуспешни менаџерки во Македонија. Тие ќе бидат прогласени на годинашниот 22от избор на Топ 10 најуспешни што го организира агенцијата „Марили“ на 29-ти овој месец.
Пенка Мукаетова од Интел консталтинг груп, Лидија Таскова ЕСП, Горица Дачевска ПЗУ Др. Горица Дачевска, Ирена Кузмановска Комфи Ангел, Јана Јанеска-Ристеска Центар за современа ликовна уметност, Елена Таковска Фармаген, Слаѓана Стаменкова Елит Травел, Александра Аргир од Скопска пивара и Магдалена Трајковска-Трпевска генерален менаџер во Технолаб и Наташа Стојковска од Витаминка се овогодинешните топ десет менаџерки кои ќе го добијат признанието.
Изборот се прави од жени менаџерки од приватниот сектор. За да бидат дел од Топ 10-те најуспешни, треба тие да се добро прифатени во својата работна средина и тоа не само од менаџмент тимот, туку и од сите вработени, треба да бидат од различни области и дејности.
Досега се избрани 220 жени за најуспешни менаџерки во земјава. Секоја година се избираат традиционално по 10, а по повод 20 годишнината од организирање на изборот беа избрани 20 најуспеши менаџерки.
Покрај традиционалниот избор на 10-те најуспешни жени менаџерки, „Марили“ годинава по четврти пат го организира и Денот на здравјето.
Генералната менаџерка на Марили Лидија Трипуноска, вели дека годинава фокусот ќе биде ставен на тематскиот ден за здравјето и убавината во функција на соверемената жена насловен како „Дама Да“ кој ќе се одржи на 31-ви овој месец.
На едукативниот ден ќе има предавање, презентации и хуманитарна аукција на слики, а специјална гостинка е српската писателка Јелена Бачиќ Алимпиќ.